Косовските Срби ќе одржат протест во Белград на 10 мај под слоганот “Остануваме во Србија“. Протестот се свикува поради несогласување со договорот постигнат помеѓу Белград и Приштина. Се работи за протест кој не е партиски определен, ќе бидат поканети сите партии и здруженија да се приклучат кон него, без партиски, само со државни симболи.
Протести ќе се одржат и во градовите во северно Косово, во нив ќе учествуваат претставници на Српската православна црква.
-Главната цел е да покажеме дека Косово не е за продажба и не смее да го продавате, независно од социјалните и политичките проблеми во соседните земји или во Косово- велиСлавиша Ристиќ, претседател на Градскиот совет во Општина Зубин Поток, северно Косово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.