Продолжува трендот во спортот на најразличен начин да се прослави победата или освоениот пехар.
Сепак, како најоргинално досега доаѓа од гардеробата на данскиот ракометен клуб Холстебро. Екипата што го освои Купот на ЕХФ со сите ракометарки кои дојдоа до историскиот успех го претстави пехарот на свој начин. Имено, сите ракометарки позираа голи со пехарот како „шлаг на тортата“. Само што во овој случај никој не гледаше во пехарот.
Најголемата дилема е кој ја имаше таа чест и задоволство да биде фотограф во соблекувалната на Холстебро.
Вакво слично славење на титулата во Купот на ЕХФ, но во машка конкуренција, имаше и рускиот репрезентативец во дресот на Фуксе Берлин минатата сезона, Константин Игропуло.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.