Ако освојат ново олимпиското „злато“ во Рио, Никола Карабатиќ и неговите колеги во ракометната репрезентација на Франција ќе заработат по 100.000 евра.
Францускиот државен секретар за спорт, Тиери Брељар, објави дека премијата за освоен златен медал на ОИ во Рио за секој француски спортист ќе биде 50.000 евра, исто како и за претходните ОИ во Лондон. За сребрен медал наградата за Французите е 20.000 евра, а „бронзата“ носи 16.000 евра.
Но, француските ракометари кои се актуелни светски и олимписки шампиони, имааш шанса со олимпиското злато во Рио да ја удвојат наградата бидејќи ќе имаа награда од по 50.000 евра и од Француската ракометна федерација.
Избраниците на Клод Онеста на ОИ во Рио се главни фаворити за олимписката титула со која, доколку ја освојат, ќе влезат во историјата како единствена репрезентација со три олимписки титули по ред, по триумфот на ОИ 2008 во Пекинг и на Ои 2012 во Лондон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.