| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба на делата на Чемерски во Српската академија на науките и уметностите

Во Српската академија на науките и уметностите во Белград денеска ќе биде отворена изложбата „Случувања и знаци на земајта македонска“ на Глигор Чемерски.

Чемерски го заврши својот богат и раскошен опус, повлекувајќи ги последните потези на делото за светиот воин со блескаво златен штит врз темнозелената заднина, но неговата творечка авантура и делата на овој голем сликар секогаш ќе зборуваат за неговиот поттикнувачки немир и за неговата бујна имагинација. Со углед на класик и со репутација на македонски, но и париски сликар, Чемерски ревносно и со огромно количество страст му го отстапи својот живот на сликарството. Како едно од водечките сликарски имиња во Југоисточна Европа, тој го стави својот личен влог, сиот свој талент и фанатична определба за создавање дела со јасен личен печат, покажувајќи го својот персоналитет и силната индивидуа, својот пат и своите пораки.

Изложбата на репрезентативната колекција на дела од различни периоди од творештвото на овој слоевит творец ќе биде отворена во салонот на Српската академија на науките и уметностите, вечерва во Белград, и ќе трае до 19 јуни.

Поздравен говор ќе одржат академикот Владимир С. Костиќ, претседател на САНУ, и академикот Влада Урошевиќ, а на отворањето на изложбата ќе присуствуваат и академикот Луан Старова, потпретседател на САНУ, и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска. Вести од истата

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top