Во рамки на традиционалната литературна манифестација „Илинден 2016“, денеска, 18 мај, во Домот на културата во општина Илинден ќе биде промовирана антологијата на македонската поезија за деца „Сончево огледало“ од Раде Силјан.
Промотивна реч за делото ќе одржи проф. д-р Христина Николовска, а стихови ќе читаат десетина истакнати македонски писатели застапени во антологијата меѓу кои Стојан Тарапуза, Цане Андреевски, Александар Поповски, Ефтим Клетников, Александар Кујунџиски, Трајче Кацаров, Виолета Танчева Златева и др.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.