| четврток, 6 декември 2018 |

По 22 дена: Слепото момче Марјан Станојевиќ се врати во Скопје, родителите го пронашле во Белград

По 22 дена потрага е пронајден Марјан Станојевиќ, слепото момче кое исчезна од пред ГТЦ каде што собираше пари за операција на очите. Во придружба на неговата мајка Вики, Марјан вчеравечер пристигна во Скопје со автобус кој допатува од Србија, објави „Телеграф“.

Во потрагата по Марјан беа вклучени и македонската и српската полиција. По повеќе денови неизвесност, неговата мајка Вики рече дека последните сознанија се дека Марјан се качил во автобус на „Ниш експрес“, но не се знаеше каде се симнал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top