| четврток, 6 декември 2018 |

Време е за диета – три предлози за помалку килограми

Доаѓа лето. Зимата секогаш ни носи некој килограм плус. Доколку сакате да изгледате добро на плажа во новите бикини, време е да поработите на своето тело. Вежбање, режим на исхрана, многу вода... Ова се најчестите совети. Ви предлагаме три диети кои ќе ви помогнат да стигнете до идеалната форма.


Пролетна диета

Оваа диета трае две седмици. Секако, заложниците на оваа диета велат дека  нема да ги вратите изгубените килограми , но секако, ако не внимавате на исхраната и не сте физички активен, ова нема да важи. Со пролетната диета се симнуваат  7 до 10 килограми.

Појадок: зелен чај со лимон и две зелени јаболки или грејпфрут, две киви, една банана. Овошјето е најдобро секој ден да биде различно. Ако денес имате јаболки, утре земете грејпфрут…

Во 10 часот: парче полнозрнест леб намачкано со урда и чаша лимонов фреш (потребни се 2 свежо исцедени лимони, минерална вода и лажичка мед).diet5

Ручек: зелена салата, 150 грама риба на скара со додаток варен кафеав ориз или едно варено јајце.

16 часот: еден варен компир или зеленчук на пареа ( брокули, карфиол, моркови, грашок и др)

Вечера: супа од зеленчук,

Пред спиење: чаша зелен чај со лимон.

diet3

Холивудска манија

Диета за експресно топење се базира на режимот на разделена исхрана. Освен што ќе намалите доста килограми, ќе го прочистите истовремено и организмот.  Авторката на режимот тврди дека ако се придржувате на правилата и полниот циклус на диетата кој трае 3 недели ќе намалите десет килограми. Морате да пиете најмалку по 2 литри вода!

Понеделник – секакво овошје со исклучок на банани.

Вторник – секаков вид зеленчук, зачинет со соја сос, оцет или горчица.

Среда – Сите видови овошје и зеленчук, со исклучок на банана.

Четврток – пет банани со 3 чаши нискомаслено млеко.

Петок – телешко варено, пилешко месо или риба на скара со свежа салата.

Сабота – телешко и салата.

Недела – риба и салата.

Ова е основното мени за секој ден, а вие треба да си го распоредите истото тоа, на помали порции во текот на еден ден. Ова се повторува три пати, односно истото мени за овие 7 дена го продолжувате и во наредните две седмици. Понекогаш наутро може да си дозволите кисело млеко со малку мусли, ако не можете да издржите.

diet4

 Јаболков оцет

Конзумација на јаболков оцет во мали дози помага за намалување на апетитот и истовремено со тоа ја стимулира размената на материи. Метаболизмот се забрзува, а со тоа и процесот на разградување на масните ќелии натрупани во телото.  Треба да знаете дека со овој продукт ќе постигнете неверојатни резултати после 2 месеци редовна употреба.

Како се користи јаболковиот оцет за слабеење?

Бидете внимателни кога избирате јаболков оцет, зошто често продуктите кои се нудат на пазарот содржат јаболкова есенција и ги немаат истите полезни својства. На вас ви е потребен природен производ и затоа најдобрата варијанта е да си го приготвите сами.

Начин на подготовка: Наполнете длабок сад со исецкани јаболка, полејте ги со вода и додадете шеќер. После тоа оставете смесата да ферментира, а кога тоа ќе се случи, процедете ја течноста и исипете ја во стаклено стерилно шише или тегла.

Конзумирање:  Разредете две супени лажици од него во 250 милилитри вода. Истата количина се пие три пати дневно, наутро, за ручек и навечер после оброк.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top