| четврток, 6 декември 2018 |

Лино Червар е изборот за селектор на Македонија

Lino Cervar01 (Custom)

Лино Червар е изборот на комисијата за избор на селектор на сениорската машка ракометна репрезентација на Македонија, која заседаваше денеска во просториите на Ракометната федерација на Македонија. Комисијата во состав Милчо Чакарески, Гино Стрезовски и Славе Атанасовски едногласно го избра актуелниот тренер на Металург како најдобар кандидат за функцијата, предлагајќи до Управниот одбор тој официјално да биде именуван занаследник на Ивица Обрван на клупата на македонскиот национален тим.

Покрај Червар, свои кандидатури за оваа функција испратиле и Владимир Глигоров, Швеѓанецот Роберт Хедин, Србинот Александар Брковиќ, како и Шпанецот Жорди Луелјес, чијашто биографија воопшто не ги задоволуваше пропишаните критериуми при конкурсот.

По ова, Лино Червар е подготвен за да го преземе кормилото над македонската репрезентација, а прв предизвик за Хрватот ќе биде обезбедување пласман на СП 2017 во Франција, за што во јуни „црвено-жолтите“ ги очекува бараж двомеч со селекцијата на Чешка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top