Раководството на италијанскиот вицешампион Наполи веднаш по завршувањето на сезоната во Серија А лигата не седи со скрстени раце и подготвува нов богат договор за најдобриот стрелец, Аргентинецот Гонзало Игуаин.
Наполи е подготвен да му понуди 7 милиони евра по сезона, со цел да го задржи Гонзало Игуаин во сввоите редови подолг период.
Аргентинскиот напаѓач влезе во историјата на италијанскиот фудбал, откако постави рекорд со 36 постигнати погодоци во Серија А во една сезона. Како што пренесува „Газета дело Спорт“, раководството на „наполитанците“ ќе се обиде со сите сили да го задржи Игуаин во своите редови, иако за него интерес постои од неколку европски гиганти.
Договорот на аргентинскиот репрезентативец истекува во 2018 година. За неговите услуги интерес постои од Манчестер јунајтед, Ливерул, Челси, Баерн Минхен, и тој досега за Наполи одигра на вкупно 146 натпревари, постигнувајќи и 91 погодок откако од Реал Мадрид премина во Наполи пред три сезони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.