Сè што СДСМ и фарбарите денес извикуваат по улици и на нивните сајтови и медиуми се само нивни коментари на туѓи монтирани телефонски разговори. Ниту еден документ, ниту сведок или трага нема зад тие извици и пропаганда. Демократски, пишува латас во последната понеделничка колумна „Деменција“, објавена во Вечер.
Дали е демократски да погазиш глас на убедливо мнозинство граѓани за оваа власт, и власта да ја дадеш на случајни луѓе од редот на соросоидите кои никој не ги познава, никој за нив никогаш и никаде на гласал, а треба да владеат со нас и се наше што имаме.
Слобода. Фарбарите, соросоидите и СДСМ ќе донеле слобода.
Од што ќе не ослободат? Од правото слободно да гласаме. Од слободата на поголеми пензии и плати во однос на нивното владеење. Сега, кога имаме педесет проценти повеќе вработени од времето кога СДСМ беше власт, и времето кога овие сегашниве за класа полоши и од Црвенковски и Бучковски сакаат власт повторно.
Дали е слобода со канти бои да ровариш низ Скопје и да ја фрлаш бојата каде што ќе ти се посака во нагонот за уништување. Да тепаш новинари, кршиш редакции, газиш по полицајци, блокираш улици сред бел ден, да објавуваш туѓи приватни монтирани телефонски разговори за своја забава и туѓо уништување, јавно да навредуваш судии, бизнисмени, работници, студенти, земјоделци, новинари кои не се согласуваат со тебе.
Дали е тоа слобода? Или е отаде слободата.
Јебеш таа слобода во која ти навечер кршиш и фарбаш јавен имот и македонска историја, а сабајлето мајка ти и тетка ти со кофи ги чистат и рибаат твоите слободи.
Мајка ти и тетка ти знаат како тешко се создава, и го чуваат тоа. А ти го фарбаш.
Го офарбавте АСНОМ, Даме Груев, споменици, театри, судови, влади, собранија, медиуми, ги погазивте и префарбавте Егејците бегалци… се префарбавте. ОК. Зад вас ќе остане поликолор, и ништо друго. Ни вие, ни вашите лидери од СДСМ зад себе немате ништо, ама баш ништо изградено и создадено. Освем гнев, тепање, инциденти и фарба.
Ги офарбавте спомениците на АСНОМ и на Илинденците. Не чинат. Следува да му подигнете споменик на Ван Хојте, тој од вас направи телевизиски ликови. Трагикомични.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.