Во рамки на хотелскиот комплекс Свети Стефан – Милочер на 17 јуни ќе биде отворен јапонскиот ресторан „Нобу“ во делот на угостителскиот објект „Кралска столица“, а ќе го отворат сопственикот Нобујуки Мачухиса и легендарниот американски актер Робет де Ниро, кој е сосопственик, објавија црногорските медиуми.
Отворањето на познатиот ресторан го најави Јанис Маркогијанис, претставник на компанијата „Адријатик пропертиз“, која е закупувач на овој хотелски комплекс.
Маркогијанис во интервју за „Дневни новини“ изјави дека во тек е втората фаза на овој развоен проект, а во изградбата на новиот хотелски комплекс на Кралската плажа и останатите содржини ќе бидат вложени повеќе од 100 милиони евра во следните три години.
Закупувачот на Свети Стефан, Милочер и Кралската плажа ќе гради луксузен комплекс со пет ѕвездички, кој ќе има 60 хотелски соби и 66 апаратмани, внатрешни и базени на терасите, спа центар, библиотека, фитнес центар и бистро кафетерија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Инцидент на предновогодишна прослава во Куманово: Пијан маж се тепал со гости, па го нападнал и обезбедувањето
-
Вугринец повторно во Скопје: Почнав нова епизода, го отворив овој ’стрит бар’ и мислам дека имам што да понудам!
-
Големото срце на Ноле: Ѓоковиќ отвора ресторан во кој ќе дели храна на бездомници
-
Летна во воздух ресторан во Албанија, над 20 повредени (ФОТО+ВИДЕО)


