Од вчера 15 мај 2016 година во Македонија е статуата на „Марија од Назарет“, која во рамки на патувачкиот циклус овде ќе биде се до 27 мај. Голем број верници во неколку градови во Македонија ќе можат да и се поклонуваат.

Статуата од Бугарија вчера пристигна во католичката парохија „Свети Пророк Илија“ во Радово. Пречекот на статуата бил организиран на граничниот премин Ново Село. По преземањето, статуата „Марија од Назарет“ во долга колона со околу 50 возила била пренесена во Радово, пишува Религија.мк
Голем број верници биле собрани пред црквата каде ја пречекале статуата, а откако била внесена во црквата, почнала Светата Литургија и побожности до Богородица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


