| четврток, 6 декември 2018 |

Статуа на Брижид Бардо во Сен Тропе

Статуа висока 2,5 метри со ликот на француската актерка Брижит Бардо ќе биде утре поставена во туристичкиот град Сен Тропе. Бардо утре полни 83. години. Името на Бардо асоцира на самото одморалиште оти таа и го популаризираше, со филмот „И Бог ја создаде жената” од 1956.

Бардо беше муза на бројни режисери и продуценти, како што се Роже Вадим (нејзиниот прв сопруг), Жан-Лук Годар, Луи Мал… Таа ја заврши филмската кариера во 1973 година, и оттогаш се посвети на заштита на животните.

Бронзената статуа на глумицата е базирана на илустрации на италијанскиот уметник Мило Манара, којшто имаше можност да ја наслика во акт додека таа беше помлада.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top