| четврток, 6 декември 2018 |

Болт ќе добие голема статуа во родната Јамајка

usein bolt

Светскиот рекордер Усеин Болт, по настапот на Светското првенство во Лондон, во агуст ќе ја заврши кариерата. Но, за него посебно значаен ќе биде последниот настап на атлетскиот митинг во родниот Кинстон. Осумкратниот олимписки шампион и апсолутен светски рекордер, ќе трча на стадионот на кој пред речиси две децении ја истрча својата прва трка.

Во неговата родна Јамајка се гради споменик на Болт кој треба да биде завршен до неговиот проштален настап. Министерот за култура и спорт на Јамајка, Оливие Гранж објави дека проектот треба да биде завршен до почетокот на август кога ќе се одбележи 55-годишнината од независноста на Јамајка.

„Планирано е статуата да биде готова за Денот на независноста и нејзиното поставување треба да се совпадне со финалето на Болт на Светското првенство во Лондон“ – вели Гранж.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top