| четврток, 6 декември 2018 |

Аеродром во Португалија доби име по Роналдо, но статуата е предмет на потсмев (фото)

ronaldo

Меѓународниот аеродром во градот Фуншал на островот Мадеира од денеска го носи името на португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо. Фудбалерот присуствуваше на свечената церемонија и истакна дека е горд на својата земја и на островот Мадеира.

– Знаете колку сум горд на своите корени и на својата земја. Оваа чест навистина многу ми значи – изјави Роналдо.

ronaldo 1

Но, сепак, се појави и неочекуван проблем. Статуата на Кристијано Роналдо која е откриена на аеродромот ниту од далеку не потсетува на неговиот лик. Уште веднаш стана предмет на потсмев за присутните.

statua

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top