Причината за падот на формата и лошите резултати Томаш Бердих ја гледа во својот тренер. Па така осморангираниот тенисер во светот откако доживеа дебакл на неодамнешниот Мастерс турнир во Рим го отпушти Даниел Валверду.
Чехот по поразот со 2-0 во сетови (6-0, 6-0) одлучил да направи драстични промени во неговото опкружување, а прв на мета е тренерот со кој имаше соработка од 2014 година.
– Резултатите кои ги остварувам во оваа сезона воопшто не се за пофалба. Не сум веќе така млад, имам 30 години и морав брзо да реагирам – ја образложи Бердих својата одлука.
Чешкиот тенисер во досегашниот тек на сезоната не успеа да освои ниту една титула.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.