Тренерот на Фенербахче, Жељко Обрадовиќ, вината за поразот од ЦСКА Москва ја побара кај судиите кои според него имале низа одлуки кои биле во корист на рускиот првак.
„Сакам да честитам на ЦСКА Москва за седмата титула, како и на мојот голем пријател Димитрис Итудис. Во првото полувреме ЦСКА доминираше, а ние игравме деконцентрирано. Сепак, горд сум на моите играчи, на начинот на кој играа потоа, тоа беше првото нешто што им го реков кога влегов во соблекувалната по поразот. Некој ни го украде пехарот, некој веруваше дека не сме го заслужиле, па реши да ни го земе. Во последната акција од четвртата четвртина имаше очигледно чекори од Де Коло. Целиот муабет завршува тука, тоа беше наша топка и наша победа. Не разбрав многу одлуки и не сакам да зборувам за секоја одделно, но мора да се запрашате кога ќе играте продолжение од финале на Ф4, а вашите противници ќе шутнат 10 слободни фрлања за пет минути, а вие ниту едно“ – изјави Обрадовиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.