| четврток, 6 декември 2018 |

Плагијат

 

Ацо Станковски

Ацо Станковски

Кога една концепција или проект ќе почнат да се повторуваат и по неколку пати, тогаш е јасно дека овој досаден тип на стратегија е осуден на неуспех.

Така ќе биде и со „Шарената револуција“ и со сите оние проекти за дестабилизација на Западен Балкан, плус Бугарија и Грција, што НАТО и ЕУ „чадорите“, со нивните трабанти, ги имаат во план за наредниов период.

Ќе биде трагикомично да се гледаат овие недоделкани и гротескни обиди за повторно да се воспостави стравовладата на американските разузнувачки мрежи, заедно со очајно истормозените терористички групации и нивните локални политички чанколисци, кои под плаштот на демократијата и правдата  – „нема правда, нема мир“, поддржани од платените квазиавангардисти, прогресивните абонирци на плутократот и робовласник, тиранскиот сопственик на НВО-комплексот и неговите загари, како се обидуваат да остварат преврати насекаде наоколу, а, всушност, ќе се сплеткаат во сопствената стапица.

Зошто, кога не оди, не оди, а не оди, поради простиот факт, што се вдолж и вшир прочитани.

Нивните заговори се сосема раскринкани, нивните планови се здодевни, веќе видени, срамно неинвентивни и, конечно, иритирачки.

На нивото на „intelligence“ испаднаа глупави, та дури и ретардирани. Навистина срамно, покрај таква пропагандна машинерија и толку пари, овие опортунисти и материјалисти, ослободени од човечката совест и тотално затапени од своите манијачки пориви и психопатолошки склоности, делуваат аматерски, збркано и мизерно во очите на граѓаните на Македонија, а, претпоставувам, истиот доим го оставаат и кај граѓаните на соседните држави, исто така таргетирани како системи за дестабилизација.

Многу дрско, а, воедно, и неуко. Веројатно ги потценија срцата и умовите на овие Балканци, за кои во меѓународната јавност создадоа многу негативен впечаток, небаре, Балканот како да е населен од диви неандерталски племиња со менталитет на ретардирани горили и со канибалски склоности.

Навистина подмолно од нивна страна, но оној, што ќе ги поднесе сите овие навреди и дискриминации, влегува во зоната на психолошка, а, со тоа, и на стратегиска предност. Потценувањето на противникот е пат кон поразот и гибелта.

Ова ноншалантно и арогантно третирање на волјата на македонскиот, и другите соседни народи и нивните држави, предвидени како полигони за хибридни војни и „шарени револуции“ (колку тривијално) ќе биде финализирано со стравотен пораз и дебакл на западниот интерес на Балканот.

Сите тие скапо платени експерти од тинк-тенк групациите – дрочни од измамници и демагози, кои со фатална наивност се занесуваат, дека ја разбираат современата меѓународна геополитика, како крдо бизони трчаат кон ветерниците на погрешните проценки во самоубиствено стампедо. Но, што да се прави, така е поставен курсот и од него нема отстапување. Конечно, на лукративните авантуристи од ЦИА, не им е важно колку бизони ќе ги искршат своите рогови во бетонот, важно е, нивните семејства, домови и акаунти да се далеку од ова геостратегиско ѓубриште, таму, на сигурна дистанца зад океанот.

Тука навистина демне голема опасност, токму од нивната фриволност и презирот кон животите на локалниве шерпаси, кон балканските робови на нивното планетарно царство. Воспитани на мизерни вредности уште од своето детство, во алиенирани и крајно себични услови на сурова експлоатација на ближниот, на дискриминација на подалечниот, тие, држачите и лакеите на „чадорот“, се спремни да трошат огромни количества човечки ресурси од своите колонии. И, така, им ги скратуваат бедните и бескорисни животи. А кога ќе згусне, ќе се наакаат во првиот „Херкулес“ што ќе одлета и ќе ги спаси од разјарените домородци. Најважен е, сепак, планот за повлекување од „театарот“.

Ова искуство го научија од виетнамската кампања, кога неспремни за брзо и консеквентно бегство, паднаа илјадници вакви „чадори“ и „чадорчиња“ во рацете на Виетконг. Затоа со нив треба остро, инаку не сфаќаат. Има нешто природно глупаво и одвратно во сите нив, само треба подлабоко да ги запознаете. На крајот, излегуваат во најтрагично светло, просто да ги жалиш.

Така е тоа, кога си го печел занаетот на убиец. Тоа е веќе многу лош дил со нечестивиот, кој нема да ги остави на мира, додека не си го добие своето. Од каде сите тие поствоени трауми и стресови, сите тие инсомнии и депресии, целиот тој душевен кошмар и суицидалност?

И без оглед на тоа, дали ќе направат помал или поголем хаос, помало или поголемо злосторство, успешна или неуспешна смена на власта, сите тие актери на овие конспирации завршуваат на еден крајно недоличен начин – стигматизирани од сопствениот народ како предавници и гадови.

Ете каков е тој ужасен тунел без крај, во кој се заакале сите тие глупави и ретардирани, во морален поглед, идиоти, кој си вообразиле дека се врвни играчи на геостратегиската сцена.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top