| четврток, 6 декември 2018 |

Мареј и Ѓоковиќ во финалето на Мастерсот во Рим

murray-djokovic

Во финалето на Мастерсот во Рим ќе гледаме реприза од минатонеделното финале од Мадрид – повторно се сретнуваат Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј.

Тоа е епилогот од денешните полуфинални мечеви, во кои најпрво Мареј убедливо го совлада Французинот Лукас Пуил со 6-2 и 6-1 во сетови, а во вториот дуел Ѓоковиќ после големата, тричасовна борба успеа да го победи јапонскиот тенисер Нишикори и покрај тоа што Новак го загуби првиот сет – 2-6, 6-4, 7-6 (7-5).

Финалниот меч е на програмата утре од 17:00 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top