| четврток, 6 декември 2018 |

Гори најголемата депонија за гуми во Европа!

Најголемата депонија за гуми во Европа, која се наоѓа во близина на Мадрид гори и густиот и токсичен чад се заканува да го загрози здравјето на жителите во близина., соопштиле властите.

Владата на регионот Кастиља-Ла Манча соопштила дека активирала план за итна акција бидејќи се верува дека пожарот би можел да потрае со денови, со оглед на тоа дека депонијата се простира на десет хектари. Пожарникарите и хеликоптерот се обидуваат да изгаснат пожарот кој создава токсичен облак кој би можел да ги загрози градот Сесена и неговите 20.000 жители. До попладне изгореле три четвртини од локацијата, соопштиле службите за вонредни ситуации од Мадрид на профилот на Твитер. Властите ги замолиле мештаните да ги затворат вратите и прозорите и да останат во своите домови поради облакот од чад, но евакуација не е предвидена.

deponija-madrid-gumi-02

– Сè укажува на фактот дека оваа катастрофа била намерна – рекол градоначалникот на Сесена, Карлос Веласкес за шпанското радио, истакнувајќи дека во оваа област врнел дожд со денови поради што е мала веројатноста случајно да дошло до инцидентот.

deponija-madrid-gumi-03

Оваа депонија за гуми почнала да се формира во 90-тите години, кога една компанија почнала да ја користи локацијата како привремена депонија за стари гуми кои требало да ги рециклира, но по повеќегодишна акумулација, отпадот достигнал висина од три метри. Еколозите со години предупредувале дека отпадот претставува ризик по здравјето, пренесува агенцијата „АП“.

deponija-madrid-gumi-04

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top