| четврток, 6 декември 2018 |

Прво вистинско засилување за „заспаниот џин“, Унаи Емери ќе биде тренер на Милан?!

unai emeri

Италијанскиот медиум „ТутоСпорт“ тврди дека управата на Милан се договорила со шпанскиот тренер Унаи Емери да биде шеф на стручниот штав на екипата од следната сезона.
Тој наводно во вторникот ги договори сите услови со Росонерите и од наредната сезона ќе го превземи местото тренер на италијанскиот гигант.

Емери на одличен начин ја води Севилја. Две години по ред ја освои титулата најдобар тим во Европската лига, а и во оваа година ќе игра во финале.

Росонерите неодамна се заблагодарија на Синиша Михајловиќ. Кристијан Броки се најде како примремена замена, но очигледно дека во Милан имаат поголеми цели. Унаи Емери се смета за идеален тренер за Милан и сосема сигурно дека со него на клупата италијанскиот гигант ќе има што да покаже.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top