Министерството за здравство е подготвено да даде каква било логистичка поддршка за повредените во сообраќајната несреќа која се случи во Унгарија, а во која настрадаа македонски патници.
Министерот за здравство Никола Тодоров најави дека ќе испратат две амбулантни возила за повредените во несреќата што се случи во Будимпешта, кога автобус со 28 патници, меѓу кои и Македонци, излетал од патот.
„Повредените Македонци се сместени во една од најсовремените болници, во која има ургентен центар и центар за траума. Подготвени сме да испратиме амбулантни возила и медицински екипи за транспорт на повредените“, изјави денеска министерот за здравство Никола Тодоров, кој рече дека биле побарани само две возила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шумската мафија годишно заработува и до 25 милиони евра (видео)
-
Родителите биле против нејзината љубов: Милош и Наташа заедно заминаа и во смрт!
-
Во смрт со 170 километри на час: Милош и Наташа биле неразделни, а сега се забија во автобус и загинаа!
-
Еден загинат и петмина повредени при железничка несреќа кај Барселона