Во Младинскиот културен центар денеска ќе се промовира проектот Бренд концепт, со кој се промовираат следните изданија:
1. Толковник (за брендинг, адвертајзинг Пи-Ар) – промптор, Бранко Азески
2. Книга Бренд-концепти – промптор проф. Д-р Димитар Мирчев
3. Книга БРЕНДинг – промптор Зоран Иванов
4. Книга 360˚ холистички брендинг – промотор Љупчо Зиков
Автор на толковникот и книгите – Сотир Костов.
Проектот бренд концепт е поддржан од група уметници, па така по промовирањето на книгите ќе се отвори изложба на уметнички дела на:
1. Владимир Темков, сликар, три уметнички дела, акрил на платно, тема бренд
2. Ива Јосифова, сликар и експерт за рачно изработена хартија, три дела, тема бренд лого
3. Кире Алексиев, уметник-аматер, 22 цртежи на тема бренд
4. Гордан Стојановски, уметник, 22 илустрации на тема бренд
5. Филип Стојановски, фотографии на тема бренд
6. Студио Адверта, лого за Бренд концепт
7. Илија Лелов – Били, графичар, лого за Бренд концепт
Ќе биде отворена и изложба на тема Современа македонска графика до 60-тите години на 20-от веk – како успешен македонски бренд, со графики на Аврамовски Драгутин – Гуте, Белогаски Љубомир, Додиев Иван – Ванчо, Мазев Петар, Маринковски Љубодраг – Пенкин, Хаџибошков Петар, Спировска Менче и др.
Изложбата ќе ја отвори проф. Д-р Кирил Темков.
Промоцијата на книгите и отвпрањето на изложбата ќе биде во Младински културен центар, Скпоје (кино сала и фоаје на спрат), на 13-ти мај 2016 година (петок), со почеток во 12,00 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.