Иако имаше одличен настап, Калиопи како претставник на Македонија не успеа да влезе во финалето на 61. издание на „Евровизија“ што се одржува во Стокхолм, Шведска. Оваа втора полуфинална вечер настапија 18 земји, а Калиопи ја пееше песната „Дона“, компонирана од Ромео Грил. Слушнете го евровизискиот настап тука.
Ова десетте земји кои продолжуваат понатаму:
- Летонија
- Грузија
- Бугарија
- Австралија
- Украина
- Србија
- Полска
- Израел
- Литванија
- Белгија
Погледнете ги останатите финалисти тука.
Финалето ќе се одржи во сабота, а покрај „големата петорка“ ќе настапат и најдобрите 20 претставници од двете полуфинални вечери.
Шведска по третпат е домаќин на „Евросонг“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.