Производителот на спортска опрема „Адидас“ и фудбалскиот клуб Челси ќе ја прекинат соработката по завршувањето на следната сезона. Тоа значи дека договорот за соработка ќе биде раскинат шест години пред истекот на планираниот рок. Во соопштението од „Адидас“ и од Челси истакнато е дека се работи за спогодбено раскинување на договорот.
Германската компанија во соопштението наведува дека од Челси ќе добие надомест за превремениот раскин на соработката. Се претпоставува дека тоа ќе биде сума од околу 40 милиони фунти.
„Адидас“ произведува спортска опрема за лондонскиот клуб од 2006 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.