
Македонската репрезентација првиот пријателски натпревар, за престојниот свој собир, против селекцијата на Азербејџан ќе го игра во австриски Швадорф на стадионот Рихард Геберт. Дуелот е закажан за 29. мај од 17 часот.

За време на вториот собир во 2016 година, а во рамките на подготовките за стартот на квалификацискиот циклус за СП 2018, репрезентацијата на Игор Ангеловски ќе одигра два тест дуели. Покрај пресметката со Азербејџанците, од претходно е закажан и пријателскиот натпревар против Иран на 2. јуни на националната арена „Филип Втори“ во Скопје.
Претходно, Македонија во март одигра два контролни натпревари, и загуби со 1-0 од Словенија во Копер, и од Бугарија во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


