Селото Бади се наоѓа во централна Индија и е мало по тамошните стандарди за големина. Во него живеат околу 2500 луѓе, но за жал, во ова местенце најбро растат гробиштата. Поради бројот на луѓе кои самите со го одземаат животот, Бади е наречено село на самоубиства.
Минатата година во регионот Каргон 381 лице си го одзело животот. За 20 години во Бади се самоубиле 350 луѓе, а од нив дури 80 од почетокот на оваа година.
Како што пренесува Тајм оф Индија, старешината на селото неодамна видел ги видел и мајка си и брата си како се самоубиваат. И тој самиот е избран за старешина откако се обесил неговиот претходник.
За самоубиствата обвинуваат се – од економските прилики до демографското влијание. За Каргона велат дека е најсиромашниот и најизолираниот дел на Индија, па така депресијата многумина ѝ ја припишуваат на сиромаштијата и ан недостатокот на здравствена нега.
Страшната претпоставка на лекарите е дека овие луѓе ги мачи шизофренија и депресија која се јавува како псоледица на вдишување на пестицидите со кои ги запрашуваат градинарските култури.
Тоа беше случај во Кина, кога во еден крај многу земјоделци се самоубија. Беше откриено дека вдишувале токсини кои предизвикувале психички пореметувања.
Исто така, не треба да се запостави и фактото дека и најздравиот човек ќе попушти психички кога ќе му се испоубијат половина семејство и половина соседство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.