| четврток, 6 декември 2018 |

Мистерија: Гугл сними чуден објект во Егејско Море (ВИДЕО)

Чуден објект на брегот во Грција е пронајден на апликацијата Google Earth изгледа дека никој не знае за што станува збор, пишува Индепендент.

Како што се пишува медиумот, овој кружен објект комплетиран со помали кругови во својата внатрешност и јасно може да се види под површината на морето, односно само неколку метри од брегот кај Мичанионе, Солун.

Оваа снимка е објавена на Disclose.tv, тоа го направил еден корисник на апликацијата Google Earth, која тврди дека објектот е долг околу 70 метри.

Веднаш по објавувањето на мистериозната снимка, се појавија коментари од корисници на интернет кои се обидуваат да одгатнат за што станува збор, а најмногу од нив сметаат дека станува збор за објект на некогашен светилник или дури и вулкански кратер.

-Интересно е што обликот е симетричен. СО оглед дека постои пристаниште на север, можеби е поврзано со оваа структура, е само едно од прашањето кои ги поставуваа луѓето на интернет.

Со оглед на тоа дека објектот е многу близу до објектот и судејќи по снимката, водата е плитка, многумина сметаат дека е навистина чудно што никој досега не го видел или наишол на него.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top