| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски го матира Заев: Штом се храбриш дојди на избори и ВМРО-ДПМНЕ ќе ги признае резултатите (Видео)

akt178-Gruevski-Unija-na-Zeni-vmro-740x320
Слушнав од медиумите дека господинот Заев кажал дека е многу сигурен дека ќе ги добие изборите на 5 јуни и стравува дали ВМРО-ДПМНЕ кога ќе ги изгубело изборите на 5 јуни ќе ги признае и дека затоа не сакал сега да има избори, изјави денес лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кој јавно го повика Зоран Заев да излезе на избори.

-Колку и да звучи небулозно сето тоа што го кажува, еве јавно го повикувам има доволно време до крајот на денот, слободно да не се плаши од ВМРО-ДПМНЕ дали ќе ги признае изборите или нема, да достави листи. Јавно му ветувам дека ако достави листи ВМРО-ДПМНЕ на 5 јуни ќе ги признае изборите и нема да има никаков проблем- потенцира Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top