| четврток, 6 декември 2018 |

Промоција на две стихозбирки од Жаклина Михајлова во ДПМ

Во Друштвото на писателите на Македонија утре (четврток, 12 мај) во 14 часот ќе бидат промовирани стихозбирките „Руен“ и „Талкања“ од Жаклина Михајлова. За творештвото од најновите објави на Жаклина Михајлова ќе зборува Марина Мијаковска.

Жаклина Михајлова е дводомна писателка, живее и создава во Австралија. Член е на Друштвото на писателите на Македонија и на Центарот на писателите на Нов Јужен Велс од Австралија.

Жаклина Михајлова досега ги има објавено збирките лирска поезија: “Од по жица“, „ Двојник“, како и  збирките хаику поезија со наслов “Цут“ и „Шум“. Михајлова е автор на сликовниците за деца “Патувањето на Дедо Мраз“ , „По утрото денот се познава“, стихозбирката за деца „Златенца“ и научниот труд „Продукција на културен настан – мета елемент во глобалното и националното“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top