Меѓунардоната ракометна федерација (ИХФ) објави по пет кандидати во машка и во женска конкуреција за изборот на најдобар ракометар и најдобра ракометарка за 2015 година. Меѓу десетте номинирани во двете категории, има шест играчи кои во претходните години веќе ја имаат освоено наградата ИХФ играч на годината во изборот на ИХФ што е своевидна потврда за нивната константност и квалитет, но не е и гaранција дека ќе бидат избрани повторно.
Во машка конкуренција, во конкуренција за избор на најдобар ракометар за 2015 повторно е номиниран бекот на ПСЖ и на француската репрезентација, Никола Карабатиќ. Меѓу петте кандидати е и нековиот клупски и репрезентативен колега, Тиери Омејер и Микел Хансен. Листата на најдобрите пет ја комплетираат Хрватот Домагој Дувњак и Кубанецот со катарски пасиош, Рафаел Капоте.
Три Норвежанки и по една ракометарка од Романија и од Полска конкурираат за најдобар играч за 2015 во женска конкренција. На листата на ИХФ се бекот на Будуќност и на репрезентацијата на Романија, Кристина Неагу, полската репрезентативка Каролина Кудлач Глок и Норвежанките Хајди Локе, Нора Мерк и Корнелија нике Грот.
Гласањето трае до 30 мај и во него учествуваат ракометните фанови и медиуми од целиот свет.
Номинирани во женска конкуренција:
1.Кристина Неагу (Романија)
2.Хајди Локе (Норвешка)
3.Нора Мерк (Норвешка)
4.Корнелија Нике Грот (Норвешка)
5.Каролина Кудлач Глок (Полска)
Номинирани во машка ко конкуренција:
1.Микел Хансен (Данска)
2.Никола Карабатиќ (Франција)
3.Тијери Омејер (Франција)
4.Рафаел Капоте (Катар)
5.Домагој Дувњак (Хрватска)
За најдобрите играчи за 2015 може да гласате на следниот ЛИНК.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Да гласаме за нашите: Македонската судиска двојка номинирана за најдобра во светот
-
Огромен пад на гласачите во дијаспората: За референдум се регистрирале 3 проценти од гласачите, а од нив помалку од 1.000 луѓе гласале
-
Пандов: На избирачко место им ги снимавте личните карти и ги објавувавте или тие се од Пустец и не се луѓе?
-
Заврши гласањето во Австралија – излезноста е 7,73%