Се препорачува оваа диета да се почне во недела. Трае 13 дена и, според искуствата на тие што ја применувале, се губат и до 20 килограми, но е мошне тешка и секој организам не ја поднесува подеднакво. Затоа, не применувајте ниеден режим на исхрана или диета без консултација со лекар.
Планот за исхрана мора прецизно и доследно да се следи и да не се зема ништо што не е на листата, дури ни чаша пиво или гума за џвакање.
Ако правилно се држи диетата 13 дена, не треба да се повторува најмалку една година, или уште подобро следните две години.
Во текот на диетата се користи шеќер во коцки, а при глад треба да се пие вода, не помалку од два литри дневно.
План за исхрана:
Ден 1
Појадок 1 шолја црно кафе, 1 коцка шеќер
Ручек 2 тврдо варени јајца, спанаќ варен во вода, 1 домат
Вечера 1 голема шницла (230 г), салата
Ден 2
Појадок 1 шолја црно кафе, 1 коцка шеќер
Ручек – 1 парче шунка, 1 чаша јогурт
Вечера 1 голема шницла, салата
Ден 3
Појадок 1 шолја црно кафе, 1 коцка шеќер, едно парче тост
Ручек 2 тврдо варени јајца, 1 парче шунка, салата
Вечера варен целер, 1 домат, 1 овошје
Ден 4
Појадок 1 шолја црно кафе, 1 коцка шеќер, едно парче тост
Ручек 1 литар џус, 1 чаша јогурт
Вечера 1 варено јајце, 1 изрендан морков, 25 г младо сирење
Ден 5
Појадок 1 голем изрендан морков со лимон
Ручек 1 големо парче варена риба (бакалар, шкарпина, околу 230 гр.) со лимон и малку путер
Вечера 1 голема шницла, салата, варен целер
Ден 6
Појадок 1 шолја црно кафе, 1 коцка шеќер, едно парче тост
Ручек 2 варени јајца, една голем изрендан морков
Вечера 1/2 пиле на ражен без кожа, салата
Ден 7
Појадок 1 шолја чај без шеќер
Ручек НИШТО
Вечера 1 јагнешки котлет на жар, свежо овошје
Ден 8
Појадок 1 шолја црно кафе, 1 коцка шеќер, едно парче тост
Ручек 2 варени јајца, 1 парче шунка, салата
Вечера варен целер, 1 домат, 1 овошје
Ден 9
Појадок 1 шолја црно кафе, 1 коцка шеќер
Ручек 1 големо парче шунка, 1 шолја јогурт
Вечера 1 голема шницла, салата, овошје
Ден 10
Појадок 1 шолја црно кафе, 1 коцка шеќер, едно парче тост
Ручек 2 варени јајца, 1 парче шунка, салата
Вечера варен целер, 1 домат, 1 овошје
Ден 11
Појадок 1 шолја црно кафе, 1 коцка шеќер, едно парче тост
Ручек 1 литар џус, 1 чаша јогурт
Вечера 1 варено јајце, 1 изрендан морков, 25 г младо сирење
Ден 12
Појадок 1 голем изрендан морков со лимон
Ручек 1 големо парче варена риба со лимон и малку путер
Вечера 1 голема шницла, салата, варен целер
Ден 13
Појадок 1 шолја црно кафе, 1 коцка шеќер, едно парче тост
Ручек 2 варени јајца, една голем изрендан морков
Вечера 1/2 пиле на жар без кожа, салата
Како да ја подготвите салатата што ја има во менито секој ден:
Исечете 1 килограм моркови, 1 кг бела зелка, 1 црвена пиперка, 1 зелена пиперка, 1 праз.
За прелив: 1 дл масло, 1/2 дл јаболков оцет, 1/2 лажичка шеќер, 1/2 лажичка сол.
Подготовка: Измешајте ги убаво сите состојки и прелијте ги преку салатата. Оставете да отстои еден час. Промешајте повремено. Салатата можете да ја чувате во соодветен пластичен сад во фрижидерот, најмногу до една недела. Ако е за едно лице, тогаш е доволна и половината од горе наведената количина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.