| четврток, 6 декември 2018 |

Чесите со голем проблем пред двомечот со Македонија, отсуствуваат Филип Јиха и уште тројца ракометари

Најголемата ѕвезда во чешкиот ракомет Филип Јиха е неизвесен за настап против Македонија во баражот за Светското првенство што на почетокот од идната година ќе се одржи во Франција.

Селекторскиот тандем на Чешка, Кубеш-Филип го објави списокот од 14 ракометари за двомечот против Македонија во јуни, а на него го нема Јиха за кого се претпоставува дека ќе биде меѓу резервите. Заедно со него, неизвесни се уште Павел Хоржак, Јан Собол и Мартин Галија.

– Сѐ ќе зависи од нивното здравје. Филип Јиха почна да игра и неговата здраствена состојба е подобра, но Хоржак уште е надвод од терените. Реално, нивните шанси за настап се многу мали – велат од стручниот штаб на чешката репрезентација.

Двомечот меѓу Чешка и Македонија се игра на 11 и 15 јуни. Домаќин на првиот меч се Чесите во Злин, а реваншот е на програмата во Скопје. Подобриот ќе обезбеди пласман на Светското првенство.

Состав на чешката репрезентација:

Голмани: Томаш Мрква (Хам-Вестфален, Германија), Петр Штокл (Фуксе Берлин, Германија).
Десни бекови: Петр Линхарт (Талент), Јан Штехик (Ст. Рафаел, Франција).
Средни бекови: Томаш Бабак (Ст. Гален, Швајцарија), Роман Бечвар (Рошток, Германија), Онджеј Здрахала (Хам-Вестфален, Германија).
Леви бекови: Јан Ланда (Место Ловосице), Милан Шкварил (Талент).
Десни крила: Мирослав Јурка (Ст. Рафаел, Франција)
Леви крила: Јакуб Хрстка (Татран Прешов, Словачка), Милан Котрч (Дукла Прага).
Пивоти: Леош Петровск (Азоти Пулави, Полска), Јан Ужек (Карвина).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top