| четврток, 6 декември 2018 |

Возачот заспал, автобусот излетал

Возачот на автобусот кај Будимпешта заспал поради што автобусот излетал од патот, објавуваат унгарските медиуми повикувајќи се на информации од истрагата. Во несреќата на автобусот на агенцијата „Тото“, кој патувал на релација Скопје – Прага, се повредени дваесет и осум лица, од кои најголем дел македонски државјани. Тие излетале на 50 километри пред Будимпешта, кај градот Гер. Возилото завршило во канал, од каде што е извлечен со кран од страна на пожарникарските служби.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top