| четврток, 6 декември 2018 |

Издавачот „Восток“ ја објави стихозбирката „Алба“ од Игор Тиш

Неодамна издавачката куќа ВОСТОК од Битола ја објави поетската збирка Алба од младиот словачки автор Игор Тиш.

Игор Тиш е роден во 1989 година во Гумене, Словачка. Во неговите песни се вкрстуваат анемијата на секојдневието и полнокрвноста на субјектот што сака да побегне од него; перцепцијата на бесмисленоста и потрагата по смисла, единство и љубов. Во неговата поезија, куќите и градовите се „ без крвни садови“, но вистинската сила е во умот, душата и имагинацијата на субјектот, каде што „садот со вода може да се претвори во извор“. Неговата поезија е мост на средба меѓу празнината и полнотијата, меѓу меланхоличното и еротичното.

Книгата на македонски ја преведе Славица Гаџова Свидерска, а истата е објавена со поддршка од СЛОЛИА, литературниот информативен центар на Словачка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top