На изложбата се претставени 15-ина дела кои тој ги изработил во изминатиов период..
Во галеријата во Стар Дојран викендов беше отворена прва самостојна изложба на Сотир Хаџи-Николов насловена „Сеќавања”, која е трет настан од манифестацијата „Дојран – град на културата“.
Сотир Хаџи-Николов е млад уметник од Гевгелија и има учествувано на неколку групни изложби во Македонија и во странство.
На отворањето на изложбата тој се заблагодари за поддршката од Општина Дојран и Министерството за култура и рече дека се голем поттик да продолжи да работи и да создава дела кои ќе го отсликаат неговиот талент.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.