Илија Несторовски продолжува со одлични настапи во хрватскиот шампионат, откако македонскиот репрезентативец му донесе на Интер Запрешиќ уште една значајна победа, овојпат на гостински терен против Хајдук со 0-2. Токму Несторовски имаше свое гол-шоу на „Пољуд“, па Македонецот со два гола го реши победникот на овој натпревар и му донесе нови три бода на својот клуб.
Несторовски првиот погодок го постигна од пенал, а вториот од контранапад, откако одлично му побегна на последниот дефанзивец на сплитските „били“ пред да ја смести топката во мрежата.
Илија Несторовски со 22 гола е убедливо најдобар стрелец во хрватскиот шампионат, па неслучајно веќе го договори својот следен трансфер, во италијанскиот прволигаш Палермо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Палермо е главен град на културата 2018: До крајот на годината ќе биде домаќин на специјални настани и изложби
-
Бајано: Несторовски не треба да биде опседнат со давање голови
-
„Газета дело Спорт“ со сторија за Македонецот: Несторовски е главен лик во Палермо, душата на тимот
-
Трајковски и Несторовски со Палермо на првото место на полусезоната во Серија Б