| четврток, 6 декември 2018 |

Калиопи им кажа „не“ на светските дизајнери – вака изгледаше на евровизискиот црвен килим (ФОТО)

Вчеравечер во Стокхолм беше организирано дефиле на сите учесници на овогодинешниот Избор за песна на Евровизија. Појавувањето на претставниците и нивните тимови на црвениот килим беше вовед во церемонијата на свеченото отварање на „Евровизија 2016“, која се одржа во Градската куќа во Стокхолм.

Kaliopi, Romeo Grill i Meri Popova

Македонската претставничка Калиопи, миленичка на евровизиските новинари и обожаватели, веднаш го сврти вниманието на себе при самото појавување на црвениот килим. Водителот на програмата ја најави Калиопи како една од најголемите евровизиски ѕвезди, а многубројните обожаватели го довикуваа нејзиното име пеејќи ги на цел глас рефрените од нејзините најголеми хитови од „Бато“ до „Дона“!

Kaliopi intervju 2

Освен со шармот, харизмата, духовитоста, позитивната енергија и широката насмевка, Калиопи на црвениот килим во Стокхолм заблеска и со елегантната, свилена тоалета во црна боја, која во целост одговараше со нејзиниот препознатлив стил и сензибилитет.

Kaliopi u kreaciji Roze Trajcevske

На прашањето на новинарите за кој дизајнер станува збор Калиопи истакна дека на располагање имала неколку свечени тоалети од познати светски марки и креатори, но на денот на црвениот килим за неа пристигнало специјалнно изненадување од Македонија! Нашата позната дизајнерка  и моден креатор Розе Трајчевска, инаку долгогодишен соработник на Калиопи, и испратила за  појавувањето на црвениот килим тоалета специјално дизајнирана по нејзина мера и вкус.

kaliopi ogledalo

Розе Трајчевска е креатор и на костимот со што Калиопи ќе настапи на Изборот за песна на Евровизија. Имено станува збор за своевидна стилска мешавина на нео-барок и рок, а оваа креација медиумите и публиката имаа можност да ја погледнат за првпат на втората проба на евровизиската сцена пред неколку дена. Овој фустан совршено естетски одговара на песната „Дона“, а меѓу новинарите во евровизискиот прес-центар беше оцената како спектакуларната.

Press 3 izvor eurovision.tv

На втората проба, вокално, Калиопи и нејзиниот тим од четири придружни вокали (извонредните Маја Лилчиќ, Јулија Карамитрова Огненоска, Калина Велковска и Марија Наумовска) како и тапанарот Горан Михајловски, беа како и досега беспрекорни. Сепак, оваа втора проба беше од големо значење и поради усовршување на врвните визуелни сценски решенија. Стручниот тим којшто работи на сценскиот настап на песната „Дона“ истакна дека на втората полуфинална вечер оваа песна ќе заблеска во полн сјај во Глоуб Арената.

press 1

По пробата беше организирана и прес конференција за медиуми, а Калиопи уште еднаш како нивен фаворит беше пречекана со голем аплауз. На прашањето на новинарите зошто толку многу ѝ значат евровизиските обожаватели, Калиопи низ насмевка одговори дека таа ги гледа нив како едно големо подвижно срце. Потоа следуваше прашење за тоа колку е значајно за неа да ги обнови емоциите од Баку врзани за нејзината земја Македонија:

– Тоа можете да го почувствувате преку мене. Мојата земја Македонија мене многу ми значи, тоа е мојата најголема инспирација.  Мојот народ е прекрасен, мирољубив и ако ја посетите Македонија ќе бидете пречекани со големо гостопримство. Ако се претставувам себе си и својата земја, тоа мора да го направам со најголема гордост и огромна чест – изјави Калиопи пред присутните новинари.

Kaliopi i tim na drugoj press konferenciji

За Калиопи и нејзиниот тим следи уште една проба на 11  мај, а потоа и тоа што сите со нетрпение го очекуваат, настап во втората полуфинална вечер на 12 мај.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top