| четврток, 6 декември 2018 |

Александар Трајковски на чекор од опстанок во елитата

Александар Трајковски со тимот на Палермо направи огромен чекор напред кон опстанок во Серија А откако сицилијанската екипа попладнево остана непоразена на гостувањето против Фиорентина (0-0). И двата тима имаа свои шанси на „Артемио Франки“, но резултатот до крајот не се менуваше, исход што сигурно многу повеќе им одговара на гостите. Трајковски повторно се појави во стартниот тим на Палермо, на стартот од второто полувреме доби жолт картон, по што беше заменет со Кваизон во 62. минута.

Во прилог на Палермо одеше и поразот на Карпи на домашен терен од Лацио со 1-3, натпревар на кој домаќините промашија два пенали во првото полувреме. Сега Карпи има еден бод помалку од Палермо во битката за опстанок, па екипата на Трајковски ќе треба во последното коло да слави на домашен терен над „фенерџијата“ Верона за и во следниот шампионат повторно да биде дел од елитното друштво во италијанскиот фудбал

Резултати Италија:

Рома – Киево 3-0, Карпи – Лацио 1-3, Сампдорија – Џенова 0-3, Аталанта – Удинезе 1-1, Фросиноне – Сасуоло 0-1, Фиорентина – Палермо 0-0.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top