| четврток, 6 декември 2018 |

Скопјани си ги мереа милениците: Од нацистички мотори до претседателски лимузини (ФOTO)

Вкупно 80 автомобили и над 20 мотоцикли беа дел од 11. Меѓународна изложба на олдтајмери вчера се одржуваше на паркингот пред општина Центар во Скопје.

Најстарото изложено возило беше „фиат тополино“, произведено во 1936 година. Посетителите имаа можност да видат и „пежо 404“ од 1968 година, како и мотоцикл „јава“, произведен во далечната 1930 година.

Изложбата се организираше според правилата на меѓународната федерација – ФИВА, која пропишува дека секое возило кое ќе биде претставено задолжително мора да е постаро од 30 години и да е одржувано во оригиналната состојба.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top