Лестер стигна до историската титула во Премиер лигата, а навивачите за овој успех вечно ќе му бидат благодарни и на сопственикот на клубот, тајландскиот милијардер Вичаи Шриваданапраба.
Покрај заслугите за освојувањето на првенството, Шриваданапраба е омилен меѓу фановите и за неговиот однос кон нив, па и честењето со пиво, крофни и пица кое полека станува традиција за „лисиците“ на „Кинг Пауер“.
Дека Шриваданапраба е роден под среќна ѕвезда, потврдува и информацијата на англиските таблоиди според која сопственикот на Лестер само неколку дена по освојувањето на титулата, решил истата да ја прослави со своите пријатели, посетувајќи го „Гентинг“ казиното.
А тој престој завршил со негова добивка од 3 милиони евра, што секако не е сума за потценување дури и за човек чие богатство се проценува на 2 милијарди фунти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Го прогласија за мртов, тој преку „Твитер“ демантираше
-
Лестер го барал Клаудио Раниери да се врати
-
Лестер во проблем заради Адриен Силва: Го платија 22 милиони фунти, а не можат да го регистрираат