Најдобриот светски тенисер, Србинот Новак Ѓоковиќ ја комплетираше полуфиналната четворка на турнирот од Мастерс серијата во Мадрид, откако во четвртфиналето славеше со 2-0 (6-3,6-4) во сетови против Милош Раониќ.
Во седмиот меѓусебен дуел, Ѓоковиќ и по седми пат триумфираше против Раониќ, па сега во битката за финалето ќе се соочи со Јапонецот Кеи Нишикори, кој по пресврт го елиминираше Ник Кирјос од Австралија.
Во втората полуфинална двојка ќе се сретнат Рафаел Надал, кој беше подобар од Португалецот Соуса славејќи со 6-0,4-6,6-3, и Енди Мареј, кој во два сета беше подобар од Томаш Бердих.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.