| четврток, 6 декември 2018 |

Да се знае кој е шампион, МЗТ Скопје го декласираше Фени Индустри

mzt

Актуелниот шампион на Македонија, МЗТ Скопје тргна фуризно во одбрана на титулата откако попладнево во „Јане Сандански“ во првиот полуфинален дуел од плејофот го декласираше тимот на Фени Индустри со 95-64.

Се чини дека победникот беше решен уште во првото полувреме, во кое „сино-белите“ доминираа од почеток до крај. По три минути игра резултатот гласеше 9-2 за шампионот, првата четвртина зарши со 25-13, а МЗТ Скопје одигра уште подобро во вторите десет минути што ги доби со 31-16, па на одмор се замина со преубедливи 56-29. Во ситуација кога победникот беше решен, Јончевски имаше можност да го изротира тимот и да ги сочува силите за вториот дуел в недела во Кавадарци, а МЗТ дури и со резервите успеа да ја одржи убедливата предност и на крајот да триумфира со 31 поен разлика.

Кире Николовски поради повреда не настапи на денешниот дуел, а тоа најдобро го искористи Урош Луковиќ, кој оствари дабл-дабл од 23 поени и 11 скокови, а до дабл-дабл стигна и македонскиот репрезентативец Љубомир Младеновски (13 поени и 12 скокови). Кај Фени индустри најзабележителни беа Стајиќ со 13 и Пековиќ со 12 поени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top