Спасовски денес не најде време да искаже јавна благодарност до припадниците на македонските безбедносни сили кои лани ги положија своите животи во Диво Насеље во тешка битка против терористите.
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, ги одликува Единицата за специјални задачи и Единицата за брзо распоредување при Министерството за внатрешни работи на Република Македонија со „Орден за воени заслуги“. Посмртно со „Медал за храброст“ Иванов ги одликува осумтемина загинати припадници на безбедносните сили на МВР на 9 мај 2015 година во антитерористичката операција во Куманово.
Спасовски денес го игнорираше ова одликување и наместо да им се заблагодари и да искаже почит, тој даде „зелен сигнал“ за да започнат навредите и омаловажувањата од страна на членови и симпатизери на СДСМ кон нашите херои.
Оливер Спасовски е човекот кој наместо да ги посети полицајците кои беа повредени во жестоката битка, заедно со партискиот лидер Зоран Заев правеше насмеано селфи на местото каде што загинаа бранителите.
Со смртта на македонските херои тогаш се исмеваше и партискиот портпарол на СДСМ, Петре Шилегов.
Гласноговорникот на СДСМ, Тричковски, во свој познат безобразен морбиден стил тој ден посака да има уште повеќе жртви.
Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ посмртно се одликуваат со „Медал за храброст“ за покажаната исклучителна храброст и самопрегор во одбрана на територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија, загинати како припадници на безбедносните сили на Министерството за внатрешни работи. СЛАВА ИМ!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.