| четврток, 6 декември 2018 |

Со поштенски пари уплаќал во обложилница

policija

Прилепската полиција вчера открила проневера на околу 60.000 евра кај вработен во трезорот во прилепската пошта. Портпаролката  на СВР Битола, Магдалена Димитриовска, потврди дека полицијата истражува случај во поштата најавувајќи детали за неколку дена, објави Дневник.

Кај Д.К., кој бив вработен во трезорот, недостигале околу 60.000 евра. Неофицијално, тој го признал актот ослободувајќи ги колегите од одговорноста за вмешаност со изјавите дека сам работел на проневерата во период од околу една и пол година. Според нашите извори, тој ги трошел парите во обложилници. Вработениот во поштата два мандата, до 2009 година, бил советник во градскиот совет на Прилеп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top