Момче со 15 прсти на рацете и 16 на нозете се роди во Кина. На секоја рака има две дланки, но нема палци, соопштува „СиЕнЕн“.
Малиот Хонг Хонг бил роден во јануари во провинцијата Хунан. Дијагнозата на новороденчето е полидактилизам. Тоа е вродена болест која се јавува кај луѓе, кучиња и мачки. Карактеристично за болеста е присуството на повеќе прсти на рацете и нозете.
Полидактилизмот е наследен, како што е и во случајот на Хонг Хонг. Мајка му има по 6 прсти на секој екстремитет. Аномалијата се лекува со хируршка интервенција. Операцијата може да чини околу 30 000 долари.
Семејството на интернет се обратило за помош и досега се собрани над 6000 долари од онлајн донации.
Но родителите сепак одлучиле да ја запрат онлајн иницијативата, поради контраверзните коментари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Видео од кое заледува крв: Поп го испушта бебето од раце сред крштевка
-
Лора и Филип го чекаат своето прво дете: Сузана Турунџиева не го откри полот на бебето
-
Ако сте родиле машко бебе имате поголема шасна да страдате од постпородилна депресија
-
Кина најпосакувана туристичка дестинација во наредното десетлетие