За да можат иселениците да гласаат, потребно е да имаат валиден македонски пасош или валидна македонска лична карта, документ за престој во земјата каде што се иселени, како и пријава за гласање во најблискиот конзулат или амбасада, како и барање за запишување во избирачкиот список.
Очекувањата се дека за изборите на 5 јуни околу 20.000 гласачи од дијаспората ќе се пријават за гласање.
На минатите парламентарни избори во 2014 година во изборната единица во Северна Америка гласаа 1.845 гласачи, во Австралија 982, а најмногу во Европа 8.614. Во просек, во дијаспората 55 отсто од пријавените излегуваат на гласање.
Со последните измени на изборниот законик пратениците од дијаспората ќе се избираат по пропорционален модел во една изборна единица. Потребниот минимум гласови за да биде избран пратеник од дијаспората е 6.400. Тоа значи дека дијаспората може да има максимум тројца пратеници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Да гласаме за нашите: Македонската судиска двојка номинирана за најдобра во светот
-
Огромен пад на гласачите во дијаспората: За референдум се регистрирале 3 проценти од гласачите, а од нив помалку од 1.000 луѓе гласале
-
Пандов: На избирачко место им ги снимавте личните карти и ги објавувавте или тие се од Пустец и не се луѓе?
-
Заврши гласањето во Австралија – излезноста е 7,73%