Најдобрите светски тенисери се наоѓаат во Мадрид и се натпреваруваат за трофејот на Мастерсот во овој град, а Французинот Гаел Монфис ја имаше таа несреќа да игра синоќа, во исто време како и вториот полуфинален меч од Лигата на шампионите меѓу Реал Мадрид и Манчестер сити. И додека Рафа Надал и Новак Ѓоковиќ беа на трибините на „Сантијаго Бернабеу“, тој мораше да го игра мечот против Пабло Куевас.
Во еден момент мечот беше во прекин поради проблем со осветлувањето, па Монфис се пошегува, барајќи од судијата да пушти фудбал на големиот ТВ-екран. На крајот тој го загуби мечот со 2-1 во сетови.
Lahyani joking w/ Monfils about showing the Real Madrid match on the big screen while they fix the stadium lights. pic.twitter.com/OJ77mZyZR5
— TroubleFault (@troublefault) May 4, 2016
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.