| четврток, 6 декември 2018 |

Манчестер јунајтед повторно ќе троши цело богатство за нови засилувања

antoan grizman

Екипата на Манчестер јунајтед одигра слаба сезона во Премиер лигата иако минатото лето потроши цело богатство за нови фудбалери. Сепак сезоната може да биде спасена доколку „црвените ѓаволи“ успеат да го освојат ФА-купот на Англија откако се пласираа во финалето каде се фаворити против Кристал Палас.

Тоа не ги задоволува навивачите кои бараат нови засилувања за следната сезона. Управата истотака, откако се поизвесно е дека ќе го смени Луис Ван Гал на менаџерското место со Жозе Мурињо, веќе размислува за следната сезона и е подготвена да издвои 65 милиони фунти за да го доведе во своите редови фантастичниот Французин од Атлетико Мадрид, Антоан Гризман.

Тој наводно е миленик и на Жозе Мурињо, кој дал „зелено светло“ да почнат преговорите со „јорганџиите“.

Гризман игра одлична сезона во дресот на шпанскиот тим и веќе има постигнато 31 гол во сите натпреварувања. Јунајтед ќе се обиде да го заврши трансферот до почетокот на Европското првенство, за да не се случи тој да „експлодира“ и на репрезентативната сцена па неговата цена да се зголеми.

Интерес за Гризман има и од ПСЖ, Баерн Минхен и Челзи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top