Вардар денес во Веспрем го игра реванш четвртфиналниот меч против унгарскиот Веспрем во Лигата на Шампионите. „Црвено-црните“ имаат негатива од 3 гола од првиот дуел во Скопје (29-26) и ќе имаат крајно тешка задача против унгарскиот шампион, кој оваа сезона нема пораз дома.
Фаворитската улога секако е на страната на домашните ракометари, на Вардар им е јасно дека само со максимален пристап и со искористување на создадените шанси ќе можат да стигнат до посакуван резултат. Добра вест е што тренерот Раул Гонзалез на располагање ги има сите играчи, откако Филип Лазаров и Александар Дереван се вратија во составот по повредите.
Натпреварот ќе започне во 17:30 часот.
Подоцна, од 18:30 часот, ќе се одигра и реванш четвртфиналето меѓу Барселона и Кил (првиот дуел го доби Кил со 29-24). Утре се игра последното реванш четвртфинале меѓу ПСЖ и Загреб (на првиот натпревар победи ПСЖ со 28-20).
Екипата на Кјелце е првиот полуфиналист оваа сезона во Лигата на Шампионите, откако во четвртфиналето беше поуспешен од Флензбург.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.